Search

Кацарска згрозена од сведочењето на Стефанова, размислува за тужба

Судијката Добрила Кацарска вели дека е згрозена од сведочењето на обвинителката Лиле Стефанова на денешното рочиште за „Рекет“ кое заврши со исфрлање на Катица Јанева од судницата поради навреди, објави Фокус.

Стефанова рече дека пристисоци за бизнисменот Орце Камчев доаѓале од сите страни, а со име ја спомена судијката Кацарска. Таа посочи дека Кацарска, не неа лично, туку преку нејзин колега од СЈО вршела притисок да не се одреди мерката притвор на осомничениот Орце Камчев, за предметот “Империја”.

-Точно е дека судијата Добрила Кацарска беше цел ден и ноќ во судот кога се одлучуваше за притворот на Камчев, рече Стефанова, во прашање на одбраната на обвинетиот Бојан Јовановски.

Кацарска за „Фокус“ категорично го демантира кажаното.

-Згрозена сум. Ми се јавија колеги, зошто после 38 -годишен стаж прв пат не сум на работа, бидејќи сум многу болна. И колегите кои ми се јавија се згрозени. Категорично демантирам дека сум правела пристисоци, па тоа не е мое ниво, јас да се јавувам на Стефанова или да сум праќала други луѓе. Морам да видам што точно е кажано и ќе размислам за тужба за клевета и навреда, изјави Кацарска.

Таа истакна дека не и е јасно и кој во судница дозволил вакви прашања, односно за тоа дали некој ургирал, наместо обвинителката да кажела што знае за рекетот.

Бидејќи обвителката Стефанова рече и дека судијката Кацарска била во судот од рано утрото до следниот ден кога се одлучувало за притворот на Камчев, судијката вели:

„Од јануари 2018 година до јули 2019 година секој ден бев на работа, и сабота и недела. Секој ден стигнувам во 8.00 часот, а не си одам во 12 часот, јас работам. Останувам и до 23 часот вечерта и подоцна, кога се пишуваат пресудите, а се случуваше и до тогаш да трајат и рочиштата, за што и новинарите се сведоци, рече Кацарска, која додаде дека имала уште многу да каже, ама дека немало да се спушти на тоа ниво.

Треба да знаете
Последни објави