Search

Кацарска до Димитриевски: Каков професионалец сте кога не може да се сетите на ниту една команда од Чавков

Судијката Добрила Кацарска, која го води случајот за 27 април по сведочењето на Никола Димитриевски поранешното обезбедување на поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков го праша сведокот какви наредби издавал Чавков на 27 април по телефон во „Технометал Вардар“, а потоа и во оперативниот штаб на МВР. На ова Димитриевски рече дека воопшто не се сеќава.

По ваквиот одговор на Димитриевски, судијката Кацарска го праша сведокот како може еден професионалец со искуство да не се сеќава на наредба и команда од директорот.

„Како може да сте професионалец и долгогодишен вработен во МВР, а да не се сетите на ниту една команда“, праша Кацарска на што Димитриевски одговори дека тоа е така бидејќи поминал поголем временски период од настанот.

За време на сведочењето, Димитриевски во ниту еден момент не кажа конкретно што наредувал Чавков, туку само дека разговорите биле поврзани со настаните во Собранието.

Треба да знаете
Последни објави