Search

Кафеана во Франгово работела по 23 часот

Угостителски објект во струшкото село Франгово ноќеска не ја почитувал владината одлука за ограничено работно време, утврдил Државниот пазарен инспекторат, соопшти СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски денеска информира дека Л.Ј. од селото Франгово не го затворил објектот согласно одлуката и против него од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат бил изготвен записник и соодветна пријава.

– СВР Охрид во соработка со Државниот пазарен инспекторат, на целото подрачје што го покрива, реализира контроли по угостителските објекти, согласно одлуката на Владата за ограничување на работното време на угостителските објекти до 23 часот. Притоа, непочитување на одлуката е регистрирано во угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на Л.Ј. од истото село, изјави Димоски.

Треба да знаете
Последни објави