Search

Катица Јанева се прости од мајка и, но не дочека да ја спуштат во гробот

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, утринава со полициска придружба од КПУ Затвор – Скопје замина во Гевгелија на погреб на нејзината мајка. На Јанева и било дозволено накратко да се прости од својата мајка во капелата, пишува Слободен печат.

Полицијата не и дозволила да оди на гробиштата, туку веднаш ја вратила назад за Скопје, во истражниот затвор во Шутка, каде одлежува 30-дневен притвор.

Фото: Слободен печат

Треба да знаете
Последни објави