Search

Катица Јанева пристигна во Гевгелија на погребот на својата мајка

Катица Јанева пристигна во Гевгелија на погребот на својата мајка

Со полициска придружба пристигна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на погребот на својата мајка. Во капелата на градските гробишта, полициските службеници ја спроведоа преку задниот влез.
Барањето за присуство на погребот, вчера до судијата на претходна постапка го упати адвокатот на Јанева. Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција изјави дека човечки било да се дозволи Јанева да присуствува на погребот на својата 83 годишна мајка.
Треба да знаете
Последни објави