Search

Катица четири часа правела увид на доказите за Рекет

Катица Јанева повеќе од три ипол часа се задржала во обвинителството и правела увид во доказите за „Рекет“. По увидот повторно е однесена во истражниот затвор Шутка. Засега е непознато дали Јанева се изјаснила пред ОЈО во однос на обвинителниот акт.

Јанева е третоосомничена во овој предмет. Вчера увид во доказите правеше првоосомничениот Бојан Јовановски, а второосомничениот Зоран Милевски е во домашен притвор. Од тројцата, ОЈО само за барањето на Милевски се согласи затворскиот, да му биде заменет со домашен притвор.

 

Треба да знаете
Последни објави