Search

Катица побарала нов пасош за Камчев, МВР го издал

Против поранешната специјална обвинителка Катица Јанева биле обезбедени докази дека таа, а не судијата на претходна постапка надлежен за „Империја“, дала дозвола МВР да му издаде нова патна исправа на првоосомничениот Јордан Камчев. Тој потоа ја пријави дека таа и Бојан Јовановски му зеле пари за услугата, за што добија кривични пријави и притвор- пишува СДК.

Двата пасоша на Камчев му се во Основниот суд Скопје 1. Барањата за враќање на патните исправи од осомничените во „Империја“ додека трае истрагата, судијата на претходна постапка во пракса ги одбива, не ги даваат ни Апелациониот суд по жалба.

Ако побарал Камчев некој од двата одземени пасоша, судот постоело ризик да не му ги даде, па затоа во договор со Јанева и со милион ипол евра платени кај Бојан Јовановски, Камчев побарал нова патна исправа, од времен карактер.

Според законот, дозвола за нова патна исправа на лице кое е под истрага не дава судот, туку органот што ја води истрагата. „Империја“ ја водеше Специјалното обвинителство, што значи наредбата можела да ја даде и ја дала Јанева. Судот само ја препратил до МВР кое е надлежно за издавање нови патни исправи, а министерството ја спровело во мај 2019 година. Камчев и Јанева точно знаеле дека судот во ваков случај нема надлежност да не ја исполни наредбата на специјалната обвинителка под чија истрага беше „Империја“.
Треба да знаете
Последни објави