Search

„Катимерини“: Настаните во Грција се договор меѓу Каменос и Ципрас

Откако во изминативе неколку дена опстанкот на грчката Влада беше доведен во прашање, како и ратификацијата на Преспанскиот договор во Атина, премиерот Алексис Ципарс и неговиот коалициски партнер од Независни Грци, Панос Каменос постигнале договор кој нема да го загрози ниту едниот, ниту другиот, објавува грчкиот дневен весник „Катимерини”.

Имено, во грчкиот Парламент кој има вкупно 300 пратеници, Сириза има 145 пратеници и може да смета на поддршката на четворицата претставници на Независни Грци, како и на неколкумина други пратениците, и така го достигнува боројт од 151 пратеник кој е потребен за ратификација на договрот, а можеби и 152 пратеници, доколку имаат поддршка и од пратениците на Центристичката унија.

По она што беше обајвено денеска, а тоа е оставката на Панос Каменос, тоа беше претходен договор, Владата на Сириза ќе остане на власт, со обонвен мандат, и покрај критиките за начинот за создавање на новото мнозинство, пишува „Катимерини“.

Треба да знаете
Последни објави