Search

Катар повика на смирување на тензиите меѓу САД и Иран

Катарскиот министер за надворешни работи, шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани, изјави дека неговата и други земји разговарале со Иран и САД за смирување на ситуацијата и ги повика двете страни да се сретнат и да најдат компромис.

„Веруваме дека во еден момент треба да дојде до состанок, не може засекогаш да биде вака“, рекол Ал-Тани во Лондон. „Со оглед дека не сакаат понатамошна ескалација, би требало да смислат идеја што ќе ги отвори вратите“, додал тој.

Шеикот Мохамед порачал дека неколку земји, меѓу кои Катар, Оман, Ирак и Јапонија, ги повикуваат двете земји да ги смират напнатостите.

Иран и САД влегоа во уште поголема конфронтација минатиот месец, една година откако Вашингтон се повлече од договорот меѓу Иран и глобалните сили за спречување на нуклеарната програма на Техеран во замена за укинување на меѓународните санкции.

Треба да знаете
Последни објави