Search

Катарина, која ја играше Зоне, не ја пронајде љубовта: „Среќно немажена сум, спас најдов во верата“

Пред повеќе од 10 години актерката Катарина Радивојевиќ, која сите ја помниме по култната улога на Зоне во филмот „Зона Замфирова“, се пресели во САД каде продолжи да работи како актерка, а сега отворено зборува за својот приватен живот и љубовта која не ја пронашла.

Како што пишува српскиот портал „Стори“ таа прво живеела во Њујорк, потоа во Лос Анџелес, а од неодамна како вработена во Српската Амбасада во целост се пресели во Њујорк.

Таа вели дека нејзиниот живот сега е во САД, а во Белград се враќа само службено. Така, кон крајот на минатата година се врати во Србија и престојува таму неколку месеци поради работата на серијата „Ljubav ispod zlatnog bora“.

Серијата се снимала на Златибор, а таа во интервјуто открива дека двомесечниот престој во планина ѝ дошол добредојдено, затоа што претходно прележала ковид-19, па така воздушната бања ѝ помогнала за брзо закрепнување.

„Ја толкувам улогата на Бојана, естетски хирург, која на денот на роденденот, го затекнува сопругот во кревет со друга жена. Не ни насетувајќи дека под чаршафот се крие нејзината најважна соработничка таа заминува на планина каде наоѓа нова љубов“, ја појаснува Катарина нејзината улога во серијата…

Верата била особено важна за Катарина во првата година кога се преселила во САД, затоа што немала луѓе околу неа и не го познавала добро јазикот. За тоа колку ѝ е важно да е свртена кон Бога таа ќе каже:

„Тоа го прави мојот идентитет. Мислам дека ме издвојува и ме прави своја. Верата секогаш ми дава сила кога ми е најтешко. Секогаш им велам на луѓето овде (во Србија) дека има причина зошто сме родени како православни. Би сакала за следните празници да бидам со родителите“, вели таа.

За крај открива дека во целост го отфрлила практикувањето кундалини јога и се вратила кон „корените“, кон православната религија. Како што вели, јогата, медитацијата и пеењето мантри го заменила со христијанската молитва.

Преземено од Црнобело

Треба да знаете
Последни објави