Search

Каталонските сепаратистички лидери на суд поради неуспешниот обид за прогласување независност

Дванаесет каталонски сепаратистички лидери беа изведени пред судот во Мадрид во вторникот поради неуспешниот обид за прогласување независност што ја предизвика најголемата политичка криза во Шпанија во последниве децении, пренесува „Њу Зиланд хералд“.

Опколени од стотици полицајци, демонстрантите се собраа пред Врховниот суд, каде што обвинетите се соочуваат со обвиненија за бунт, иницирање преврат и злоупотреба на јавни средства. Адвокатот на двајца од обвинетите рекол дека тие имаат право да бараат независност за својот регион. Политички обоеното судење се очекува да трае најмалку три месеци.

Судењето е без преседан во историјата на современа Шпанија. Карлос Лесмес, претседател на шпанскиот Врховен суд, го оцени како најважниот случај откако земјата ја врати демократијата во 1975 година.

Тоа ќе биде тест за непристрасноста на судството во Шпанија. И, додека се емитува во живо на телевизија и ги преплавува весниците, поттикнувајќи дебати за демократските права и политичката контрола, судењето ќе биде тест за тоа дали владејачката малцинска коалиција во Шпанија може да се одржи .

Предвремени парламентарни избори во Шпанија најверојатно ќе се случат ако каталонските националистички пратеници не го променат својот став и не стават крај на своето противење на буџетот за 2019 година на денешното гласање.

Треба да знаете
Последни објави