Search

Каталонскиот лидер на суд поради сепаратистички симболи

За каталонскиот лидер, Квим Тора, кој е наклонет кон отцепување на шпанскиот регион, денеска започна судењето под обвинение дека не ја почитувал наредбата за отстранување на каталонските сепаратистички симболи од јавните згради за време на предизборната кампања.

Доколку биде осуден, Тора може да биде прогласен за несоодветна личност за извршување на јавна функција за определен период.

Обвинителите го товарат Тора за непочитување на одредбите на државната изборна комисија да се отстрани симболот на сепаратистите – жолта лента, од седиштето на владата на Каталонија, во Барселона, пред парламентарните избори на 28 април.

Во жолти лентии, некои Каталонци изразуваат поддршка за водачите на сепаратистичкото движење, од кои девет се осудени на долги затворски казни за нивната улога во обидот за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Изборната комисија тврди дека жолтите ленти биле алатка за политичка пропаганда и дека со тоа е прекршен законот за изборна кампања.

Треба да знаете
Последни објави