Search

КАС ја одби жалбата на Сити, нема да сопре истрагата за кршење на финансискиот ферплеј

Жалбата на Манчестер Сити во Арбитражниот суд против истрагата на УЕФА за финансиски фер-плеј беше одбиена.

Англискиот шампион се обиде да ја запре истрагата на Комисијата за финансиски фер-плеј, откако клубот е во опасност да биде казнет, ​​а најлошото би било, „небесно-сините” да бидат исклучени од Лигата на шампионите.

– КАС нема да ја разгледа жалбата на Манчестер Сити. Судот може да одлучи само ако има правосилна одлука за случајот, рече генералниот секретар на арбитражниот суд во Лозана – Метју Риб.

Истрагата на УЕФА започна откако германски „Шпигел” објави внатрешна преписка во која го обвинува Сити за кршење на правилата за финансискиот ферплеј на УЕФА.

Треба да знаете
Последни објави