Search

Кастекс: Нема да има веќе карантин на државно ниво

Новиот француски премиер Жан Кастекс изјави денеска дека секој следен карантин нема да се воведе во целата земја доколку има ново зголемување на бројот на луѓе заразени од коронавирусот.

Претходната француска влада воведе строги мерки за затворање од средината на март до средината на мај, а одредени ограничувања на јавните собири се уште се на сила.

– Мора да бидеме подготвени за вториот бран, но нема да воведеме карантин во целата земја како во март, бидејќи тоа има ужасни економски и хуманитарни последици, изјави Кастекс за телевизијата БФМ.

Пред да ја преземе функцијата премиер, Кастекс беше координатор на националната стратегија за постепено укинување на рестриктивните мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави