Search

Касиљас потврди: Ќе се кандидирам за претседател на Шпанската федерација

– Европската фудбалска легенда, Икер Касиљас потврди дека ќе се кандидира за претседател на Шпанската фудбалска федерација. 38-годишниот голман има договор со португалскиот гигант Порто, но тој не играл од мај минатата година кога доби срцев удар за време на тренинзите. Икер се опорави и дури од ноември продолжи со тренинзите.

– Да, ќе се кандидирам за претседател на Фудбалската федерација на Шпанија. Јас веќе ја објавив мојата одлука до Претседателот на Порто, тим за кој играм. Ви благодарам на сите за поддршката и љубовта што продолжувам да ја примам од сите вас. Вашата сила ме инспирира, напиша тој на Твитер.

Изборите за управување со шпанската фудбалска централа се во есен 2020 година.

Актуелниот претседател Луис Рубиалес, исто така, ќе се номинира за нов мандат.

Треба да знаете
Последни објави