Search

Касиљас доби класичен нокаут од „бомбата“ на Коларов, па се појави поцрвенет во микс-зоната

Икер Касиљас беше најдобар поединец во редовите на Порто на синоќешниот меч кој се одигра на „Олимпико“, а со своите феноменални одбрани му овозможи на португалскиот шампион да остане „жив“ за реваншот на „Драгао“.

Порто со доста среќа успеа да постигне гол за 2:1 со кој сега значително си ги зголеми шансите за пласман во наредната рунда, но иако голот го постигна Адријан, човек број еден во редовите на гостинскиот тим беше искусниот Касиљас кој уште еднаш докажа дека едноставно е неуништлив во Лигата на шампионите.

Икер имаше неколку извонредни интервенции, а во судиското надополнување одбрани еден силен шут и со своето лице, односно се жртвуваше по „бомбата“ на Коларов која можеше да и донесе 3:1 на Рома. Касиљас храбро го издржа овој удар, а потоа со поцрвенет нос даваше изјава во микс-зоната и порача дека Порто може да направи пресврт на домашен терен.

Треба да знаете
Последни објави