Search

Касиљас втора година по ред доживеа идентична ситуација на „Енфилд“: Ова е фудбалот…

Порто создаде неколку интересни шанси за гол во второто полувреме и покажа заби против расположениот Ливерпул, но сепак не успеа да постигне погодок кој значително ќе му ги олеснеше работите пред реваншот кој се игра наредната недела.

Португалскиот првак загуби 2:0 на гостувањето во Ливерпул и сега ќе мора да брка голема негатива на домашен терен, а иако повеќе од јасно е дека Порто ќе има тешка задача, еден од најголемите оптимисти е искусниот Икер Касилјас.

– Јас сум голем оптимист пред реваншот, верувам 100 посто во нашите шанси. Не можеме да мислиме дека двомечот е готов. Ни зададоа прв удар, но треба да се одигра натпреварот на „Драгао“. Пред нас се седум дена во кои треба најдобро да се подготвиме. Се надеваме дека пред домашната публика ќе го оствариме посакуваниот резултат, – порача оптимистички настроениот Касилјас кој втора година по ред доживеа идентична сцена на „Енфилд Роуд“.

Ценетиот шпански голман доби стоечки овации од популарната Коп трибина на која се најстраствените фанови на Ливерпул, а по средбата не заборави да ја искоментира оваа ситуација.

– Ова е убавината на фудбалот и ова кажува какви навивачи има Ливерпул. Многу сум им благодарен бидејќи секундите кога добивате аплауз од противничките фанови се посебни. Во Ливерпул секогаш ме третирале добро, ме респектираат и навистина сум благодарен за тоа, – заврши Икер.

Треба да знаете
Последни објави