Search

Касиерка во казино дала службени пари за уплата на повеќе апарати

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.М.(25) од Ресен и И.И.(39) од Сарај, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување” и „поттикнување”. Во периодот од 22.00 часот на 17.09 до 07.00 часот на 18.09.2018 во автомат клуб на бул.„Октомвриска револуција”, првопријавената, вработена како касиер, заедно со второпријавениот, кој бил гостин во казиното, во договор, во повеќе наврати извршила уплата на парични средства на повеќе апарати без покритие. На тој начин тие се стекнале со противправна имотна корист во вредност од 251.540 денари.

Треба да знаете
Последни објави