Search

Касами: Нема да прифатиме било каков кандидат на ДУИ за премиер Албанец

Лидерот на Беса, Биљал Касами во интервју за ТВ21 во емисијата „Click Plus“ рече дека нема да прифатат било каков кандидат предложен од ДУИ за премиер Албанец во последните 100 дена од Владата.

Касами за прв пат во „Click Plus“ откри дека разговарал со Заев на таа тема, односно дали да му се понуди на ДУИ 100 дена премиер, за што Касами дал зелено светло.

Во емисијата, Касами повтори дека нема да поддржат било каков кандидат во последните 100 дена од мандатот.

На лидерската средба меѓу Заев и Ахмети беше договорено, на 100 дена пред избори премиерското столче да го преземе премиер кој ќе биде предложен од ДУИ.

Касами рече дека Собраниското мнозинство во иднина ќе се зголеми и нема да биде тенко како моменталното.

-Со други пратеници во иднина ќе се зголеми парламентарното мнозинство во Собранието и за прв пат по долги години ќе имаме Влада која ќе го реализира својот четири годишен мандат, имаме многу работа и многу проекти кои се во интерес на граѓаните, потенцираше Касами.

Треба да знаете
Последни објави