Search

Касами нема да оди на лидерската кај Ахмети, предлага нов модел на средби меѓу албанските парламентарни партии

Лидерот на движењето Беса Билал Касами нема да присуствува на утрешната средба иницирана од претседателот на ДУИ Али Ахмети, по повод годиншнината од потпишување на Рамковниот договор.

Во соопштението на ова партија се вели дека тие се за воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада.

– Движењето Беса уште еднаш го потврдува својот принципиелен став да воспостави еден модел кој ќе воведе правила дека средбата на албанскте парламентарни парти ќе се реализира после формирање на новата владата, за албанските парламентарни партии во владата да се обврзат со одговорности за реализација на прашањата со голем интерес за Албанците. Исто така, пред завршување на мандатот на албанските политички парти во владата, тие да дадат отчет за реализација на прашањата за кои заеднички се договарале, велат од Беса.

Треба да знаете
Последни објави