Search

Касами: И пандемијата ДУИ ќе ја испратиме во историја, Албанците и Македонија ќе ја спасиме од оваа опасна пандемија

„Ви гарантираме дека овој економски развој, кој веќе се случува, во фокус ќе ја има борбата со пандемијата Ковид-19, враќање на економијата, и да продолжиме уште посилно напред. Но, ние сме сведоци дека за овие 18 години, имавме една пандемија која донесе уште потешки последици. Затоа, по 15 јули, ние ќе успееме и пандемијата на ДУИ да ја испратиме во историјата, и да ги спасиме Албанците и Македонија од оваа опасна пандемија“, порача Билал Касами, лидерот на Движењето Бeса, од централниот собир на оваа партија во Тетово, во финишот на кампањата за предвремените парламентарни избори.

„Ние имаме потпишана програма, и успеавме дел од неа да бидат четирите столба на Беса. Еднаквоста е важна за сите граѓани во нашата земја. Ви гарантираме дека ќе го реформираме судството, дека законот ќе биде ист за сите. Нема да може да има функционери на ДУИ кои пукаат во нашата младина, а денес обвинителството да ги ослободува“, рече мешу другото лидерот на Беса, Касами.

„ Тука сме не за да ја завршиме кампањата, туку за да ја почнеме прославата на победата која ќе дојде по изборите на 15 јули“, им рече Касами на симпатизерите на БЕСА на преполниот плоштад во Тетово.

Треба да знаете
Последни објави