Search

Касами: Ако влада прават ВМРО и ДУИ, Груевски ќе биде премиер

Лидерот на БЕСА, Билал Касами, во синоќешното издание на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека неговата партија доколку има можност да учествува во формирањето на новата Влада по вонредните парламентарни избори ќе коалицира само со победникот во македонскот блок.

-Aко опозициската ВМРО-ДПМНЕ после избори повторно коалицира со ДУИ, тогаш зошто да не, се отвора можност Никола Груевски повторно да биде премиер, изјави Касами.

Според него, лидерот на СДСМ Зоран Заев не е човек кој си стои на зборот.

Касами смета дека е погрешно е тоа што Законот за употреба на јазиците беше испратен до Венецијанската комисија

-Да седнеме на заедничката маса и да ја артикулираме официјализацијата на албанскиот јазик, рече лидерот на БЕСА во емисијата.

Треба да знаете
Последни објави