Search

Картите за концертот на Здравко Чолиќ во продажба за 300 денари од понеделник

Подготвен од срце за сите, балканската музичка ѕвезда, Здравко Чолиќ, со нетрпение чека да ја исполни Национална арена Филип Втори Македонски со многу енергија. Картите за концертот кој е во организација на Прагма продукција ќе бидат во продажба од понеделник, 18-ти март 2019, по цена од 300 денари.

Се очекува позитивната атмосфера и музиката на Чолиќ да го освои секое срце во центарот на Скопје во сабота, 15-ти јуни 2019, во 21.00 часот. За сите кои се подготвени да го почуствуваат легендарниот глас на Чолиќ ќе може да го обезбедат тоа онлајн на www.kupikartizase.com и од Пола Југотон и цвеќара Розе – Веро 2.

Најавата на концертот ја има на:

https://www.facebook.com/PragmaProduction/videos/294464897898821/

Спремете се за невиден и исклучителен спектакл и вечер која секој кој ќе помине низ портите на Национална Арена Филип Втори Македонски на 15 јуни 2019 ќе ја памети засекогаш.

Треба да знаете
Последни објави