Search

Карпош: Четири цистерни и комунални служби мијат и дезинфицираат улици и фрекфентни места

Од денеска, четири цистерни активно работат на миење и дезинфекција на улици и фреквентни локации низ Карпош.
Се мие и дезинфицира пред маркети, аптеки, банки и други места, каде што е забележано поголемо присуство на граѓани.
Покрај двете цистерни на Општина Карпош, на терен мијат и дезинфицираат и цистерните на фирмите „Анизор“ и „Гранит“.  Станува збор за една четири тонска и една седум тонска цистерна, кои се резултат на општествена одговорност на овие компании.
Денеска, се миеја и дезинфицираа улици и фреквентни локации во Карпош 3, Карпош 4, Бардовци, Злокуќани, Бардовци и Тафталиџе (кај пазарчето).
Локалната самоуправа продолжува со секојдневните активности за унапредување на јавната хигиена и заштита на граѓаните од коронавирус.
Ги повикуваме сите граѓани, да ги почитуваат препораките од ресорните институции, да избегнуваат собирање во големи групи и движење во затворени простории.

Треба да знаете
Последни објави