Search

Карпош мапира објекти погодни за обновлива енергија

Подготовка на општински акционен план за користење на обновлива енергија, како и утврдување на потенцијалите на Општина Карпош за искористување на сончевата енергија, беа главни теми на разговор на средбата на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев со Катерина Маневска, Страхиња Младеновиќ и Матеј Брестовски од ENVIROS од Словачка.

Градоначалникот Богоев и раководителот на Одделението за енергетска ефикасност, Љупчо Димов говореа за политиките кои Карпош ги презема во делот на искористување на обновливите извори на енергија. Локалната самоуправа е во постапка за поставување на хибриден колектор (воздух-вода) на новата градинка во Бардовци „Виножито“, а од 2021 година целото јавно осветлување ќе биде енергетски – ефикасно.

Тимот на ENVIROS е во неколкудневна посета на Карпош за подготовка на „Општински акционен план за обновлива енергија“, проект поддржан од UNDP, ENVIROS и словачкиот челинџ фонд. Преку теренски посети на општинските објекти (урбани заедници, градинки и училишта) ќе сe утврдат погодни локации за користење на сончевата енергија.

Богоев напомена и дека локалната самоуправа, во соработка со Машински факултет и фондацијата „Фридрих Еберт“ веќе изработи студија, која ги промовира енергетските задруги како можност на повеќе чинители, граѓани и заедници на сопственици да се здружат и да произведуваат енергија.

-Сепак, неопходна е промена на законската регулатива, за да се стимулира целата заедница да биде дел од овој процес, а не само поголемите компаниии, рече Богоев.

Проектниот тим го истакна проактивниот пристап на Општина Карпош во процесот на апликацирање на проекти и користење на средства од европски фондови,  но и од донаторската заедница во целина. На овој начин се мотивираат и други општини, и институции да го следат позитивниот пристап.

Треба да знаете
Последни објави