Search

Карпин: Македонија сите ја посакуваме, ама фаворитската улога треба да се покаже на теренот

Рускиот фудбалски селектор Валери Карпин во пресрет на ждрепката за составот на групите од разигрувањето за пласман на СП-2022, која ќе се одржи в петок од 17 часот во Цирих, не крие дека ја посакува во полуфиналниот меч да ја добијат Македонија која за првпат обезбеди пласман во разигрувањето во мундијалските квалификации. И руските медиуми ја посочуваат Македонија како најпосакуван и најлесен противник од шесте селекции во групата на неносители.

Карпин во гостување во едно руско шоу посебно се осврна на потенцијален дуел со Македонија во полуфиналниот бараж во кој Русите како носители ќе бидат домаќини на тој меч.

-Нема човек што не ја посакува Македонија и го гледам јас тоа, сите мислат дека Македонија е најдобриот противник што може да ни падне. Веројатно и ние како репрезентација го посакуваме тоа, ама… Таа фаворитска улога и „лесна задача“ ќе биде само на хартија. За повеќе тоа ќе мора да се потврди на теренот, таму се мери сѐ, рече Карпин.

Покрај Русија од групите на носители Македонија како можни противници ги има и селекциите на актуелниот европски првак Италија, поранешниот Португалија, Шведска, Шкотска и Велс. Во првиот натпреавр од групата Македонија како селекција од групата неносители ќе го игра натпреаврот во гости.

Треба да знаете
Последни објави