Search

Карневалот во Венеција откажан поради коронавирусот, во Италија над 100 случаи

Властите во Венеција одлучија да го откажат познатиот карневал и сите случувања во градот поради ширење на коронавирусот. Иако се очекувало присуство на повеќе илјади туристи, кои цела година го чекале карневалот, поради големиот број заболени и две починати лица од новиот вирус, сите настани се откажани и тоа најмалку една недела.

Иста мерка е преземена и во Милано, каде во рамки на модната недела е откажана ревијата на Армани.

Во Италија има повеќе од 100 случаи на новиот коронавирус, изјави денеска Атилио Фонтана, кој го предводи северниот регион Ломбардија, со барање за воведување построги гранични контроли.

– Во Ломбардија се заразени 89 лица, меѓу кои и една млада личност во Валтелина, долина во која се наоѓа популарното скијачко одморалиште, изјави Фонтана за Скај ТГ24.

Според него, повеќе од 100 луѓе се заразени со новиот коронавирус на национално ниво. Претходната цифра на властите беше 79 заразени.

Италијанските власти изолираа неколку области во Ломбардија и Венето.

Според официјалните податоци за цивилна заштита, две лица починале од болест предизвикана од вирусот Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави