Search

Кармело Ентони се искачи на деветтото место на листата најдобри стрелци во НБА

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Кармело Ентони се искачи на 9. место според бројот на постигнати поени во НБА-лигата.

На натпреварот против Мемфис (121:118) одигран рано утрово, Ентони постигна 28 поени и стигна до 27 423 поени во кариерата. Тој го престигна легендарниот Мозес Мелоун (27 409).

Вклучувајќи го и Ентони, седум од деветте НБА играчи со највисоки перформанси играле за Лејкерс во одреден сегмент од нивната кариера.

Треба да знаете
Последни објави