Search

Карлеуша пет дена без фотки на Инстаграм, љубоморниот сопруг и го зел мобилниот

Бракот на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е во сериозна криза, а проблемите во рајот почнале на 3 јануари, кога нејзиниот сопруг, фудбалер, се вратил од Кина. Тој се сомневал дека пејачката се допишува со друг маж, па и го зел мобилниот, пишуваат српските медиуми.

Јавноста во Србија многу се вознемирила бидејќи Карлеуша пет дена не постирала фотографии на Инстаграм и други социјални мрежи каде е секојдневно активнаа на радост на машкиот дел од нејзините следбеници.

Според медиумите, Душко наводно пронашол пораки во кои Јелена флертувала со босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, со кого Душко, а и таа самата, не е во најдобри односи.

Врањеш е познат како љубител на убави жени, иако е женет со извесна Даниела, која неколку пати ја изневерил со познати девојки од естрадата.

Како и да е, Душко го повикал Огњен за да се сретнат и да разговараат за пораките, но не е познат епилогот на оваа комуникација.

Треба да знаете
Последни објави