Search

Карлеуша е минато,Врањеш лапна нова популарна Србинка

Босанскиот фудбалер Огњен Врањеш, кој стана популарен низ „жолтиот печат“ поради турбулентата афера со пејачката Јелена Карлеуша, сега има нова љубовна врска со друга позната Србинка.

Тој е тотално вљубен во Зорана Јовановиќ, која е позната српска „блогерка“ или нешто поблаг збор за старлета. Српските медиуми велат дека Врањеш и Зорана неколку дена минале во Атина, каде тој игра за тимот на АЕК.

https://www.instagram.com/p/B3miTV9AnkS/

Врањеш не беше повикан во босанската репрезентација за дуелот токму со Грција во квалификациите за Европското првенство, па имал повеќе време да ја прошета својата нова девојка низ скапите ресторани и дискотеки во Атина.

Она што е најчудно е што Зорана порано била во врска со соиграч на Врањеш од босанската репрезентација, Данијел Миличевиќ. Сепак, тоа не му смета ниту на Врањеш, ниту пак на Зорана.

Треба да знаете
Последни објави