Search

Кари се врати, но шампионите загубија во Детроит

Капитенот на „Голден Стејт“, Стеф Кари се врати во тимот по повредата, но ова не им помогна на „Вориорси“ бидејќи загубија од „Детроит“ со 111:102.

Кари  беше надвор од игра повеќе од три недели, откако пропушти 11 натпревари, а сега се истакна со 27 поени, пет скока и три асистенции. Сепак, шампионот загуби по шести пат по ред како гостин, а осми во последните 13 натпревари, па нивниот скор сега е 15-9.

-Се чувствував добро, иако во првото полувреме мојата проценка не беше на ниво. Потоа работите станаа подобри, рече Кари.

Тој постигна три тројки,  но целиот тим постигна само шест, додека противникот реализираше 12 удари за три поени.

За тренерот на„ Голден Стејт“, Стив Кер, пак, ова бил еден од неговите „најлоши натпревари како тренер“.

Домаќините почнаа да прават разлика во втората четвртина кога поведоа со 10 коша, па во третата со 14 поени разлика, па до крајот рутински дојдоа до триумф. Кај „Пистонси“ најефикасен беше Блејк Грифин со 26 поени, а Андре Драмонд додаде 16 коша со 19 скока. За „Голден Стејт“ Кевин Дурент имаше 28 поена, шест скока и седум асистенции.

Резултати од НБА:

Њујорк – Милвоки 136:134 по продолжение
Детроит – Голден Стејт 111:102
Вашингтон – Бруклин 102:88
Кливленд – Торонто 95:106
Хјустон – Чикаго 121:105
Минесота – Бостон 109:118
Сакраменто – Индијана 111:110.

Треба да знаете
Последни објави