Search

Карик замина од Манчестер јунајтед со триумф

Мајкл Карик по успешно завршената улога вршител на должноста тренер која му беше доделена во редовите на англискиот фудбалски премиерлигаш Манчестер јунајтед, по отказот на Оле Гунар Солскјер, одлучи да го напушти „Олд Трафорд“. Карик го предводеше Манчестер јунајтед на три натпревари, а по синоќешниот триумф во дербито (3:2) на 14. коло од Премиер лигата со Арсенал, соопшти дека заминува од клубот каде мина 15 години, како играч и тренер.

Манчестер јунајтед за нов стратег го ангажира Германецот Ралф Рагник, кој синоќа одлучи да не седне на клупата туку да го скенитра тимот од трибините, па Карик остана уште еден меч на жешкот столче. Се очекуваше Карик да остане во клубот и да биде дел од стручниот штаб и на Рагник, но сепак тој се одлучи да замине.

-Времето кое го поминав во клубот се моите најдобри години во кариерата. Одлучив да заминам во вистински момент. Посакувам се најдобро за Рагник и екипата. Кога дојдов тука пред 15 години никогаш не мислев дека ќе останам толку долго, изјави Карик.

Како играч Керик го носеше дресот на Јунајтед од 2006 до 2018 година, а потоа ја продолжи кариерат како тренер.

Треба да знаете
Последни објави