Search

Кардиф бараат начин да не го платат обесштетувањето за Сала

Кардиф и Нант веројатно ќе завршат на суд поради обесштетувањето за Емилијано Сала. Аргентинскиот фудбалер, кој од Нант се пресели во Кардиф, трагично настрада во авионска несреќа, над Ламанш, на 21 јануари.

Трансферот на Сала е рекорден во историјата на Кардиф, клубот се обврза да плати за Аргетинецот 17 милиони евра. Сепак откако се случи несреќата во Кардиф на сите начини се обидуваат да го избегнат плаќањето.

„Се уште собираме информации за целиот процес. Кога ќе го составиме мозаикот убеден сум дека ќе се договориме со Нант и ќе продолжиме понатаму“, рекол претседателот на Кардиф, Мехмер Далман.

Тој потврдил дека од Нант му се заканиле со тужба бидејќи не го почитувале договорот.

„Ние сме чесен клуб. Доколку договорот не обврзува тогаш ќе го исплатиме обесштетувањето. Но доколку тоа не мораме да го направиме, а мислам дека има некакви неправилности, тогаш логично е дека како претседател ќе работам за доброто на клубот“, заклучил Далман.

Треба да знаете
Последни објави