Search

Кардинали повикаа на прекин на хомосексуалната агенда на Црквата

Двајца истакнати католички кардинали од Римокатоличката црква преку отворено писмо повикаа на прекин на „чумата на хомосексуалната агенда”, барајќи од бискупите да го прекинат соучеството и молкот за случаите на сексуална злоупотреба, пренесе Би-би-си.

Кардиналите Рејмонд Бурк од САД и Волтер Брандмулер од Германија велат дека Црквата погрешно ја обвинува злоупотребата на власта од страна на свештениците како главна причина за скандалите.

Во отвореното писмо тие исто така издаваат ретка критика кон папата Франциск. Ова се случува во пресрет на самитот на епископи во Рим, на кој ќе разговараат за случаите на сексуална злоупотреба.

Вонредниот самит го свика папата како обид да се справи со сексуалните скандали што ја тресат Црквата.

Приказните за злоупотреба почнаа да се појавуваат насекаде во светот и Црквата е обвинета за прикривање  злосторствата извршени од свештениците.

Кардиналите Бурк и Брандмулер одбиваат дека случаите на злоупотреба се резултат на „клерикализмот”, односно група мажи кои ја злоупотребуваат својата моќ и меѓусебно се заштитуваат.

„Чумата на хомосексуалната агенда се шири во Црквата, промовирана од организирани мрежи и заштитена со клима на соучество и заговор за тишина. Сексуалната злоупотреба е виновна за клерикализмот, но првата и главна грешка на свештенството не се темели на злоупотребата на моќта, туку во отсуството од вистината на Евангелието“, велат кардиналите.

Тие, исто така, го критикуваат папата Френциск дека не одговорил на прашањата поврзани со тоа дали Црквата треба да дозволи разведените католици да добијат света причест, што во моментов е забрането. Прашањата му беа поставени во 2016 година од страна на четворица кардинали, вклучувајќи ги и Бурк и Брандмулер.

Тоа е прашање кое целосно не е поврзано со самитот, но предизвика контроверзии во Црквата, промовирајќи многу свештеници да се сомневаат во насоката во која папата ја води Црквата

Треба да знаете
Последни објави