Search

Кардашијан и Вест слетаa во Мајами по одморoт во Доминиканската Република

Ким Кардашијан се обидува да го спаси бракот со Канје Вест откако случки од нивниот приватен живот станаа јавни кога тој проговори за нив на митинг од неговата претседателска кампања во Јужна Каролина минатиот месец.

Сопружниците и нивните четири деца беа видени како излегуваат од приватниот авион, кој слета во неделата наутро, по седумдневното патување во Доминиканската Република.

„Ким и Канје се сложуваат. И двајцата изгледаат многу посреќни сега,“ извор близок до парот изјави за „Пипл“ по нивното враќање во САД.

Претходно локалните медиуми коментираа дека нивниот брак е во голема криза и дека тие одлучиле да отпатуваат во обид да ги решат брачните проблеми далеку од очите на јавноста.

Ким се обидува да најде начин да го спаси бракот со на 43-годишниот рапер на одмор во Пунта Кана, коментира „Пипл“. Весникот цитира извори кои тврдат дека таа е „исцрпена“ од стресот да се справи со биполарните епизоди на сопругот, како и од обврската да се грижи за нивните деца.

Истите извори велат дека Канје одбива да се откаже од претседателската трка и малата веројатност за освојување на највисоката функција на изборите во ноември. „Ким не е среќна поради ова, но тоа не е нејзиниот фокус.“

Треба да знаете
Последни објави