Search

Караџовски: Тој што сака да помогне нека не филозофира, нека облече мантил, јас ќе му дадам скафандер

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, во дебата на „360 Степени“ одговори на секојдневните критиките од ВМРО-ДПМНЕ, последно од советничката група на партијата во Град Скопје од каде велат дека тој треба да си даде оставка поради големиот број заразени и мртви а не да ја добива Наградата „13 Ноември“.

Тој вели дека во комисијата не е сам туку дека се 17 врвни експерти во своите области. Караџовски направи споредба и со повеќето европски земји каде има пораст на случаите поради непочитување на мерките но дека не се менуваат комисиите поради тоа.

„Тој што сака да помогне, нека не филозофира од страна, нека облече бел мантил, нека дојде кај мене, јас ќе му дадам скафандер. Еден саат само да дреме на Инфективна клиника. Нека се обиде да помогне, ако не знае ништо друго, нека изнесува медицински отпад. Нека помогне на оние луѓе коишто крваво ја заработуваат својата плата 8 месеци. Па ние не сме виделе фамилија и не сме виделе годишен одмор. Меѓутоа, да биде трагедијата поголема, за наградата којашто ми е предложена дека ќе ми биде врачена јас дознав дури вчера и тоа несакајќи. Затоа што ниту гледам, ниту читам мрежи, ниту сајтови, ниту нешто друго. Фокусиран сум на својата работа. Меѓутоа, омаложување на луѓето и давање на конотации дека Жарко има хациенда и бесен џип, а тоа го рекоа врвните лица на некоја дотична партија. Не сакам да опонирам, ниту да разговарам со луѓе коишто се нестручни и некомпететни за медицина. Па нека дојде советничката група на комисија, нека ни каже што тие предлагаат. Да не зборуваме само – да, јас ќе ве сменам вас. Па сменете ме бе луѓе, ќе ми направите добро дело. Ама не овој пат што досега сум го изодел јас и колегите, па некој друг да клекне одозгора. Испечете се прво 8 месеци па тогаш можете да дојдете да филозофирате“, вели Караџовски

Треба да знаете
Последни објави