Search

Караџовски за ТВ21: Можеме да очекуваме зголемување на бројот на новозаразени, младите не се таргетирана група, но вирусот го пренесуваат дома

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во „10 Минути“ на ТВ21 посочи дека епидемијата заземала широк замав во државава.

„Ние можеме да очекуваме само зголемување на бројот на новозаразени, пришто широко распространетост инфекција е највеќе на возразната група од 20 до 49 години. Тие претставуваат ризик и за себе и за својата фамилија. Со непочитување на мерките дел од нив ќе поминат без симптоми или асимптоматски, младата генерација не е таргетирана, но кога вирусот ќе го пренесат дома на нивните родители, на дедо, баба – тие ќе страдаат“, вели Караџовски.

Извор: TV21.mk

Треба да знаете
Последни објави