Search

Карантинот во Австралија може да го наруши почетокот на тениската сезона

Почетокот на тениската сезона може да биде одложен поради одлуката на австралиската влада да не дозволува влез во земјата на спортисти од други земји во текот на цел декември. Со оваа опција, тенисерите нема да имаат време да поминат задолжителни две недели изолација во Австралија и во најдобар случај, единствено би можел да се одржи Австралија опен, додека другите турнири ќе бидат одложени.

Властите стравуваат дека доаѓањето на голем број спортисти ќе предизвика нов бран на коронавирусна инфекција. Во Мелбурн не е откриен ниту еден случај на инфекција со Ковид-19 изминатата недела.

Треба да знаете
Последни објави