Search

Каранка го презема Бирмингем

Аитор Каранка наскоро ќе биде назначен за менаџер на Бирмингем Сити, пренесува БиБиСи.

Според изворот, 46-годишниот Шпанец ќе го заземе местото на неговиот сонародник Пеп Клот, кој беше отпуштен од клубот на почетокот на јули.

Претходно, Каранка ги водеше Мидлсборо и Нотингем Форест. Тој е познат и по својата работа како асистент на Жозе Мурињо во Реал Мадрид. Со Португалецот има една титула во Ла Лига, а како играч уште плус три триумфи во ЛШ.

Бирмингем заврши на 20-то место во првенствотото, останувајќи на 2 бода од зоната за испаѓање.

Треба да знаете
Последни објави