Search

Каракачанов: Треба да се промени менталитетот во Скопје

Има многу јасни клаузули во Договорот за пријателство со Македонија, но во Скопје треба да престанат да ја фалсификуваат историјата, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД Красимир Каракачанов.

-Веќе година и пол тн Комисија во пракса нема никаков напредок. Од бугарска страна има желба да се направат компромиси, што според мене е недопустилво, а од македонска страна има желба да се извртува, рече Каракачанов осврнувајќи се на работата на заедничката експертска комисија за историски и образовани прашања помеѓу Бугарија и Македонија за неделната емисија на Бугарското национално радио.

Тој рече дека не жали дека е потпишан Договор за добрососедство со Македонија и додава дека како лидер на ВМРО, човек, историчар и Бугарин има право на мислење.

Каракачанов вчера на својот фејсбук профил ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дадена во Собранието на Република Македонија во која рече дека со Преспанскиот договор се потврдува постоењето на макадонскиот јазик и оти никој нема право тоа да го оспорува и му посочи дека „македонски јазик не постои и оти нема да дозволи тајно воведување на македонскиот јазик”. На ова македонското МНР излезе со реакција дека неговата изјава е извонредна прилика за сличен контра – одговор и создавање на врзан негативен круг што ќе не оддалечи едни од други и ќе создава непријателство, наместо пријателство.

Треба да знаете
Последни објави