Search

Каракачанов со закани до Заев: Предупредува да не го злоупотребува јазикот бидејќи тоа може да ја чини европската иднина на Македонија

Каракачанов со закани до Заев: Предупредува да не го злоупотребува јазикот бидејќи тоа може да ја чини европската иднина на Македонија

Вицепремиерот Красимир Каракачанов со остар став против Зоран Заев. Тој го предупредува да не го злоупотребува македонскиот јазик бидејќи тоа може да ја чини европската иднина на Македонија, јавува бугарската ТВ Нова.

Причината за сето ова е тоа што, според Каракачанов, во говорот пред Парламентот во Скопје, Заев сугерира како договорот со Грција дава идентификација на присуството на македонскиот јазик.

“Г-дин Заев со оваа ширина утре може да побара бугарскиот дијалект да се изучува како официјален странски јазик во Бугарија. Ова е провокација”, пишува Каракачанов.

Тој, исто така, ја критикуваше работата на македонските претставници во билатералната Комисија за историски прашања. Според вицепремиерот, тие се обиделе да наметнат позиции кои се далеку од историска вистина.

Треба да знаете
Последни објави