Search

Каракачанов: Има надворешни фактори кои се обидуваат да не разубедат

Бугарија ќе продолжи да ги штити своите национални интереси и на крајот на денот ние сме во ЕУ, а не Македонија, повтори бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во интервју за бугарската телевизија Нова.

Според него, Бугарија никогаш не му давала безрезервна поддршка на Скопје.

-Не сметам дека сме неразбрани од страна на европските партнери. Бугарија никогаш не давала безрезервна поддршка. Ние кажавме во Скопје дека ако Договорот не се почитува, нема влез во ЕУ. На колегите во Скопје постојано им беше кажувано дека договорот не се почитува. Бугарија исто така има свои интереси. Како што тоа го прави Германија, или Унгарија, на пример и Бугарија треба да ги брани своите интереси. Постојат надворешни фактори кои се обидуваат да нè убедат да отстапиме. Тие не се обидуваат да ме убедат мене лично, рече тој.

Оваа изјава на Каракачанов доаѓа по писмото на високиот функционер на Стејт департментот, Филип Рикер до македонскиот премиер Зоран Заев.

Според него, на одредени земји во ЕУ им одговара Македонија да е дел од Унијата поради геостратешки интереси, но потсети дека тоа нема да може да се случи преку занемарување на бугарските интереси.

-Не можам да кажам дека имаме притисок за да го смениме мислењето, но ќе кажам дека има надворешни фактори што не разубедуваат, иако мене лично не. Не верувам дека ниту Борисов ќе ја свие опашката, заклучи Каракачанов.

Треба да знаете
Последни објави