Search

Каракачанов: Едно од можните решенија е Илинденска Македонија

Илинденска Македонија е едно од можните имиња за Македонија кое било договорено вчера меѓу премиерите на Македонија и Грција.

Слушнав дека се спомнува Илинденска Македонија, исто така Вардарска и Северна. Илинденското востание е бугарско востание, дел од нашата заедничка историја, рече министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.

Според него, двете земји се приближиле во ставовите. „Немаме претензии кон името на Република Македонија, имаме претензии да не ја игнорираме историјата и сме против тоа да се прогонуваат луѓето со бугарска самосвест во Македонија“, рече тој.

Важно е, додаде тој, овој вештачки спор за името да заврши затоа што го отежнува патот на Македонија за членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави