Search

Каракачанов: Во Скопје не научиле ништо и ќе мора да почекаат

Бугарија е подготвена за компромис доколку Скопје запре со глупостите, изјавил бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

„Ние сме подготвени да направиме компромис ако во Скопје престанат да ја фалсификуваат историјата, да престанат со антибугарската политика и да престанат да малтретираат луѓе што се изјаснуваат како Бугари во Македонија “, изјавил Каракачанов за БТА.

„Не може да има договор за добрососедство, пријателство и соработка, а само пред неколку дена во Северна Македонија го прославија националниот празник „Востание против бугарскиот фашистички окупатор “, рекол тој.

Каракачанов смета дека тоа говори дека во Скопје не научиле ништо и ќе мора да почекаат и да размислуваат.

„Имаме време, ние не брзаме, тие брзаат“, рече Красимир Каракачанов, цитиран од БТА.

„Пред два дена, меѓу Бугарија и Северна Македонија се одржа уште една заедничка седница на Мешовитиот комитет за историски и образовни работи. Комисијата сè уште не заврши со работа, ајас од моите извори знаев дека резултатите се нула“, додаде бугарскиот министер и вицепремиер.

Треба да знаете
Последни објави