Search

Карагер: Ќе биде голем циркус ако Манчестер сити ја освои европската титула

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити, кој неодамна беше казнет од УЕФА со двегодишна забрана за настапи во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите,  најави жалба пред спортскиот суд во Лозана. „Граѓаните“ продолжуваат да настапуваат во ЛШ сезонава каде се дел од 16. екипи кои ќе играат во нокаут-фазата. Во осминафиналето ривал им е најтрофејниот европски тим со 13 европски круни, шпанскиот Реал Мадрид.

Англискиот тим казната ја заработи поради милионските износи во спонзорските договори како и непочитувањето на финасискиот фер-плеј.

-УЕФА ќе стори се, Реал да го елиминира Манчестер сити. Не можам да верувам дека веднаш не ги исфрлија од ЛШ. Ќе биде голем циркус ако Сити ја освои Лигата на шампиони. На играчите не треба да им падне на памет да заминат. Заработуваат по 300.000 фунти неделно, а платени се за она што не смееја да бидат платени, бидејќи клубот играше нечесно, изјави Џејми Карагер поранешниот играч на Ливерпул.

Треба да знаете
Последни објави