Search

Капело со совет до Игуаин: Немој тоа да го направиш….

Трофејниот италијански стретег, Фабио Капело се почесто во последно време е активен и актуелен со своите ставови кои се интерсни, жешки за јавноста, а таква во моментот е онаа за Гонзало Игуаин.

Аргентинецот ја игра оваа сезона во дресот на Милан како позајмен играч од Јувентус, но информациите говорат дека постои голема можност во овој преоден рок да си замине од „Сан Сиро“ и да се пресели во Челси каде одново би можел да работи со Маурицио Сари кој успеа да го извади најдоброто од него додека двајцата беа во Наполи.

Капело се надева ова сценарио нема да се оставри, затоа што во тој случај Милан многу ќе загуби.

-Јас го добив најдоброто од [Игуаин] во Реал Мадрид. Мислам дека тој е оптоварен со промашениот пенал против Јувентус. Го гледам како игра премногу далеку од голот. Се надевам поради доброто на Милан, тој ќе го надмине својот ментален блок и ќе постигне многу голови од сега до крајот на сезоната. Квалитетот на Игуаин не е за дискусија. Се сеќавам кога се приклучив во Јувентус и [Давид] Трезеге сакаше да заминам, му реков да останам, бидејќи ми беше важен. Моето чувство е дека Игуаин сака да оди и да игра под тренер кој ги знае неговите квалитети и може да ги искористи. Милан нема никој во шестнаесетникот. Ако Игуаин игра како Игуаин, нема многу играчи подобро од него. Мораме да го прашаме што сака да направи, дали планира да остане или не, -истакна Капело кој притоа го посетува Аргентинецот да не ја менува средината во овој преоден рок.

-Според мое мислење, ова не е вистинско време за никого. Ова се одлуки што треба да се направат на лето – не сега, -заклучи дон Фабио.

Треба да знаете
Последни објави