Search

Канје Вест танцува со локални жители на Хаити

Последниве неколку недели раперот Канје Вест патува без семејството и се чини дека не му паѓа на памет да се откаже од претседателската кампања која многумина ја сметаат за промотивен трик.

Вест ја продолжи несекојдневната кампања за претседател на САД со ненајавена посета на Хаити, каде учествуваше на локални прослави, објавија таблоидите, додавајќи дека тој продолжува да го поминува времето далеку од сопругата Ким Кардашијан.

43-годишниот рапер беше фотогрфиран додека рапува и потоа се придружува на групен танц, фаќајќи се на оро.

На фотогрфаиите се гледа како танцува со локалните жители во текот на ненадејната посета на Хаити. На кусиот клип споделен на социјалните мрежи, тој им се придружува на група тапанари и флејтисти.

Вест не ги спомена своите причини за посета на Хаити, но сподели неколку објави на „Твитер“ во саботата, укажувајќи дека е заинтересиран за оваа земја заради нејзината историја на соборување на француските колонијалисти.

„Хаити е местото каде што нашиот народ ја започна првата револуција која нè ослободи од ропството“, напиша тој во еден твит.

Треба да знаете
Последни објави