Search

Канје Вест постигна договор со фирмата што го тужеше

Канје Вест постигна договор за прекин на судскиот процес со технолошка компанија која го обвини за кражба на нивни идеи.

44-годишниот рапер и компанијата MyChannel се согласија со нацрт-договорот за прекин на спорот, а порталот Радар-онлајн објави дека двете страни треба да си ги платат сопствените судски трошоци како и трошоците за адвокати.

Компанијата, исто така, се согласи да ги отфрли сите побарувања против Вест, откако првично го тужеше раперот и бараше оштета во износ од 20 милиони долари.

MyChannel тужбата ја поднесе во август 2020 година, тврдејќи дека Канје им рекол дека се восхитува на начинот на кој нивната технологија ја користи вештачката интелигенција за да вклучи е-трговија во видео содржини и дека планира да ја користи на својата веб-страница Yeezy.

Фирмата наводно, потрошила голема сума пари и повеќе од 10.000 часа работа во изготвување програма за пејачот, но тој се повлекол од договорот по шест месеци.

Треба да знаете
Последни објави