Search

Канје Вест ги предупреди Кардашијанови: Не си играјте со моите деца

Канје Вест, во текот на интервју за Hollywood Unlocked кое се емитуваше на Јутјуб, им даде до знаење на Кардашијанови дека ништо нема да се испречи меѓу него и неговите деца,

44-годишниот рапер, чија бракоразводна драма со Ким Кардашијан започна минатата година, го предупреди познатото семејство во врска со неговите четири деца – Норт (8), Сент (5) Чикаго (4) и Псалм (2) – алудирајќи на наводниот бизарен безбедносен проблем што се случил пред две недели, поради кој за малку ќе ја пропуштил роденденската забава на Чикаго.

Водителот Џејсон Ли сугерираше дека не треба да има драма кога станува збор за заедничко родителство, но Канје, кој законски го смени своето име во Је, ги предупреди риалити-ѕвездите.

„Тие можат да се шегуваат во медиумите. Можат да подметнуваат и фабрикуваат приказни за тоа со кого излегувам или со кого сум во врска. Можат да блокираат деловни зделки, може да ги прават сите тие работи.“

„Но, ова ви го кажам директно: не си играјте со моите деца! И сето тоа ќе биде легално. Сè ќе биде легално.“

Раперот истакна дека ќе остане смирен и нема да дозволи некој да манипулира со неговата приказна.

Треба да знаете
Последни објави