Search

Канцеларката Меркел ќе учествува на Самитот за Западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе учествува на конференцијата за Западен Балкан, која се одржува во рамки на Берлинскиот процес на 5 јули во полскиот град Познан, соопштено е денес во Берлин.

Портпаролката на германската влада Мартина Фиц, најавувајќи го учеството на Меркел, потсети дека се работи за годишна конференција што германската влада ја започна во 2014 година како Берлински процес.

„На Самитот од овој формат се повикани земјите од Западен Балкан, некои членки на ЕУ, како и претставници на Европската комисија”, објасни Мартина Фиц.

Во соопштението се наведува дека на пленарната сесија ќе се разговара за неколку теми, меѓу другото, за вмрежување на земјите од Западен Балкан, како и за економско-политички прашања.

По работниот ручек на шефовите на делегациите, предвидена е заедничка прес-конференција на полскиот премиер Матеуш Моравиецки, бугарскиот премиер Бојко Борисов, македонскиот премиер Зоран Заев и на германската канцеларка Меркел.

Треба да знаете
Последни објави